Утрински Весник
Македонија

Откажана е седницата на историската комисија со Бугарија

Makedonsko Bugarska Komisija.png

Седницата на историската комисија за преговори со Бугарија која беше закажана за денес нема да се одржи.

Информацијата за Независен ја потврдиле од македонската страна од каде велат дека поради промената на составот, новиот претседател денеска ги известил бугарските колеги дека седницата која што беше закажана за денес и утре во Скопје се одложува. Првата средба на комисијата во нов состав, според информациите, се очекува во наредните една до две недели.

Владата минатиот вторник на затворена седница го смени составот на комисијата назначувајќи го историчарот Ванчо Георгиев за нејзин претседател.Тој и претходно беше член на комисијата, но си поднесе оставка обвинувајќи за притисоци од страна на тогашното Министерство за надворешни работи предводено од Бујар Османи.

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија