Утрински Весник
Спорт

Откажан стартот на скијачката сезона

Откажан стартот на скијачката сезона

Воведната трка од новата сезона на Светскиот скијачки куп, женскиот велеслалом, која требаше да се вози в сабота во 10 часот во Зелден, Австрија, е откажана поради лошите временски услови, објавија организаторите неколку часа пред закажаниот почеток.

dobivaj vesti na viber

На глечерот Ретенбах, каде што требаше да се одржи трката, падна силен дожд, кој на надморска височина од 2.500 метри се претвори во снег, поради што организаторите беа оневозможени да ја подготват патеката.

Скијачката сезона сега ќе биде отворена со машкиот велеслалом кој треба да се одржи утре во Зелден, доколку времето тоа го дозволи.

Можете да прочитате

Стеван Јоветиќ потпиша за кипарска Омонија

МЗТ Скопје и Пелистер најавуваат жестока битка во Суперкупот

РК Алкалоид убедлив против Прилеп