Во британската влада пет министри ги напуштија своите позиции откако Риши Сунак стана премиер, јавува „Би-Би-Си“.
Поранешниот министер за правда Брендон Луис поднесе оставка, велејќи дека „новиот премиер ќе ја има мојата поддршка од позадина во соочувањето со многу предизвици, како партија и како земја“.
Министерот за бизнис и енергија, Џејкоб Рис-Мог исто така се повлекува, како и министерот за образование, Кит Малтхаус.
Клои Смит повеќе нема да биде министерка за работа и пензии, а Ранил Џајавардена поднесе оставка од функцијата министер за животна средина.
Џереми Хант (55) ќе остане на функцијата министер за финансии откако беше назначен од Лиз Трас во средината на овој месец со цел да се смири финансиската бура предизвикана од нејзината економска програма.
Искусниот политичар кој поминал низ министерствата за здравство и за надворешни работи ги укина речиси сите даночни намалувања што ги донесе владата на Лиз Трас по неговото назначување и предупреди дека доаѓаат тешки мерки, поттикнувајќи ги стравувањата од враќање на штедењето.
Новите буџетски мерки треба да бидат објавени на 31 октомври.