Утрински Весник
Спорт

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Баерн Минхен под итно мора да најде голман. Мануел Ноер ќе отсуствува уште најмалку четири месеци, Јан Зомер се пресели во Интер, а Свен Улрајх не е материјал за први голман на клуб со такво реноме.

dobivaj vesti na viber

Изборот на Баерн беше Кепа Аризабалага. Шпанецот се согласи на трансфер во Минехн, но експресно се премисли кога по повредата на Тибо Куртоа, интерес за него покажа Реал Мадрид.

„Марка“, пишува дека Баерн вниманието го насочил кон голманот на Севилја, Јасин Бону. Мароканецот неколку сезони брани во изворедна форма, а тоа го демонстрираше и на Мундијалот во Катар, каде со националниот тим го освои четвртото место.

Севилја има големи финансиски проблеми, поради што мора да продава играчи. Според шпакулациите Баерн за Бону ќе треба да плати околу 20 милиони евра.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина