Утрински Весник
Свет

Откако Аргентина најави враќање на островите, Камерон оди да ги посети Фокландите

1708248192 Kameron.jpg

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон следната недела ќе ги посети Фокландските Острови, територија спорна меѓу Обединетото Кралство и Аргентина, каде ќе го потврди правото на жителите на самоопределување, објави во неделата британската влада.

Камерон е првиот британски министер што ги посети Фокландите од 2016 година. Британија и Аргентина војуваа во 1982 година за оваа јужноатлантска територија, која се наоѓа на 400 километри од аргентинскиот брег и речиси 13.000 километри од британскиот. Во 74 дена од војната загинаа 250 британски и 650 аргентински војници.

Камерон, поранешниот британски премиер, доаѓа на Фокландите неколку недели по инаугурацијата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој на „дипломатски“ начин ја објави својата намера да ги врати во Аргентина. Лондон, од друга страна, се повикува на фактот дека речиси 100 отсто од 2.000 жители на островот гласале за останување под британска контрола на референдумот во 2013 година.

Според Дејвид Камерон, „Фолкландските Острови заземаат важно место во британското семејство и се додека тие сакаат да останат дел од него, нема да се разговара за прашањето за суверенитетот“. Затоа, министерот за надворешни работи планира да ја „реафирмира посветеноста на Обединетото Кралство за правото на граѓаните на самоопределување“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење