Утрински Весник
Свет

Осуммина Палестинци загинаа во бегалскиот камп Џенин, извршен воздушен удар

Осуммина Палестинци загинаа во бегалскиот камп Џенин, извршен воздушен удар

Осуммина Палестинци загинаа, а десетици се ранети денеска во израелска воена операција во бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

Израел објави дека е во тек голема антитерористичка операција и дека со „голема сила“ го напаѓа упориштето на екстремистите во областа.

Операцијата започна во текот на ноќта во бегалскиот камп Џенин со напади со беспилотни летала и распоредување стотици израелски војници.

„Го напаѓаме со сила ова седиште на тероризмот“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, тврдејќи дека „терористичките напади врз израелските цивили“ потекнуваат од кампот.

Според новите податоци на Министерството за здравство, од 50 Палестинци ранети во судирите, десет се во критична состојба.

Можете да прочитате

Сибиха: Кина може да има важна улога во завршувањето на четиригодишната војна со Русија

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа

Макрон е оптимист и решителен за иднината на Европа