Утрински Весник
Свет

Осумгодишно девојче се удави во Јадранското Море, полицијата ја истражува смртта

Image.webp.webp

Осумгодишно девојче од Германија се удави додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција, објавија италијанските медиуми.

Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набргу забележале дека нејзиното тело лебди на водата и дека детето не се движи.

Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација. Хеликоптер долетал на местото на несреќата, но по еден час реанимација, била констатирана смрт, пренесува „Билд“.

Според италијанските власти, девојчето било на одмор со родителите и отишло во плиткото да си игра.

Карабинерите ја истражуваат смртта на девојчето.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија