Утрински Весник
Македонија

Осум случаи на семејно насилство пријавени во последното деноноќие

Nasilstvo.jpg

На 08.04.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријави дека на 07.04.2026 околу 22:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Ј.(49) од Скопје, кој и упатувал и закани.

На 07.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Центар, од страна на нејзиниот поранешен сопруг Д.И.(39) од Скопје ѝ биле упатени закани.


На 07.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена пријави дека на 06.04.2026 од страна на нејзиниот сопруг Љ.Г.(30) од Скопје, со кого биле во бракоразводна постапка, ѝ биле упатени закани кон неа и нејзиното семејство.

На 07.04.2026 во 12:10 часот во ОВР Кочани, 24-годишна жена од Кочани пријави дека на 06.04.2026 околу 21:00 часот во домот каде престојуваат била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П..

На 08.04.2026 во 02:40 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.М.(46) од Струга, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом.

На 07.04.2026 во 06:46 часот во СВР Куманово, 15-годишно девојче од Куманово пријавило дека била физички нападната од нејзиниот татко Ф.Л..

На 07.04.2026 во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода З.Г.(52) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица.

На 07.04.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, 53-годишна битолчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син со дрвен предмет бил нападнат од нејзиниот партнер Т.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор?

Уставниот суд ги поништи законските измени за намалувањето на платите на судиите