Утрински Весник
Македонија

Осум празни контејнери: Извојувавме победа, кажа градоначалничката Арсовска

Осум празни контејнери: Извојувавме победа, кажа градоначалничката Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи порача дека успеала да извојува уште една победа во интерес на жителите на градот.

dobivaj vesti na viber

„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани“, напиша градоначалката Данела Арсовска, покрај фотографиите од осум исчистени контејнери.
 
 
 
„Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани“, кажа градоначалничката.
 
Арсовска додаде дека ништо нема да ја спречи да го исполни ветеното пред граѓаните.
 
– Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор.

Претходно Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

Тие ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска веднаш да најде решение за проблемот и да не го остава градот блокиран. Побараа Дрисла да ги отвори рампите за да може нивната механизација да продолжи да работи.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ пак ја повикаа градоначалниката Данела Арсовска да поднесе оставка.

Можете да прочитате

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип

Почнува кампањата за бесплатен скрининг на црн дроб, Таравари ќе ја посети мобилната единица на плоштадот „Македонија“