Утрински Весник
Македонија

Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел

Foto.jpeg

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром.

Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.

Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни