Утрински Весник
Македонија

Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен, информираат од ЦУК

Pozar.png

На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод – кај селата Девич – Грешница, во општина Чешиново и Облешево – село Теранци, општина Јегуновце – меѓу селата Рогачево и Јажинце и во општина Сопиште – село Св.Петка.


Изгаснати се пожарите во општините Демир Хисар, Струга, Делчево, Куманово, Старо Нагоричане, Сарај, Арачиново, Желино, Тетово и Гостивар.

Можете да прочитате

Со забрзана динамика се гради автопатот Кичево – Охрид

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

Пуштена во употреба клучката Подмоље