Утрински Весник
Македонија

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: Излегува денски, навечер се враќа во затворот

Slika nake georgiev pretsedatel na stipska apelacija 696x392 2 585x329 1.jpg

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“. Ова пак, му овозможува денот да го поминува излезен од зад решетките, но треба да се враќа таму и да преспива. Погодноста му е овозможена бидејќи тој издржа нешто повеќе една година од тригодишната затворска казна. Од затворот „Скопје“, беше префрлен во струмичкиот затвор.

Осуденикот редовно користи погодности, викенд од три дена, излез од седум часа. Од денес е работно ангажиран во приватна фирма, со дадена согласност од директорот на Управата за извршување санкции“, вели директорот на затворот, Зоран Ристов за „Скопје1“.


Но, и изминатата година, тој користел поволности. Според информациите на „Скопје1“, Георгиев излегувал на викенди, кои му се давани согласно правилникот на затворот. Сите привилегии ги уживал, благодарение на доброто поведение.

Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село, Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Можете да прочитате

Велешани претстојното лето ќе имаат доволни количества на вода за пиење од ХС „Лисиче“

Гафот на Мицкоски дека македонскиот јазик е кодификуван во 1977 година е далеку посериозен од оној на Каранфиловска за кандидатскиот статус на Македонија

Муцунски ја посети болницата “Каролинска” во Стокхолм каде беа лекувани повредените од Кочани