Утрински Весник
Македонија

Остануваат во притвор шесте лица за злоупотреби во прилепската болница

Prilepska bolnica.jpg

Судот го продолжи притворот на шесте лица до 30 дена во случајот со злоупотреби во прилепската болница. Според Јавното обвинителство на Македонија, прилепското основно обвинителство ја продолжува истрагата против 32 физички и правни лица. Постои сомнеж за јавни набавки во болницата со која институцијата е оштетена за околу 700.000 евра.

-Притворот е продолжен на 6-те лица.Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но постои можност за жалба. Поднесени се жалби до Апелацискиот суд во Битола за продолжувањето на притворот, вели претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска.

Обвинителството издаде наредба за отварање истрага против вкупно 32 лица, 16 физички, 7 правни, додека деветмина се гонат по скратена постапка..

Осомничените се теретат за повеќе кривични дела, меѓу кои – злоупотреба на постапката за јавен повик, незаконско доделување договори за јавни набавки или јавно- приватно партнерство, како и проневера во службата. Во пријавата се вклучени и случаи на несовесно вршење на работата, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги, како и други кривични дела кои обвинителството дополнително ги проверува.

Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители,вработени во болницата, и управители на фирми, преку јавни набавки за разни услуги како и преку неизвршени договорни обврски и незаконски исплатни налози и нанеле штета на прилепската болница од околу 43 милиони денари.

Прилепското основно обвинителство ја покрена истражната постапка по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

На 24 октомври им беше потврден првиот притвор до 30 дена на 6-те осомничени лица за злоупотреби во прилепската болница.

Можете да прочитате

Арсовскa алармира за опасни згради и криминал во Чаир

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски номиниран за престижната музичка награда „Греми“

Атанасов: Градоначланикот Јанчев многу добро знае дека Рома Кафе ги исполнува условите за безбедност, на концертот беа и членови на неговото семејство