Утрински Весник
Македонија

Останува поумерено топло, од вторник (17 јуни) чести врнежи и грмежи!

Meteoalarm.mk 30.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во нашата Република Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (особено денес и утре) и најизразен ветерот ќе биде во Повардарието. Сепак, во попладневните часови ќе има сосема мали исклучоци, односно, локално можна е сосема мала нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.


Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат поумерени, однсоно нема да бидат екстремно високи, поради тоа што сме под послабо влијание на топлиот бран од Африка, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени. Во Скоспкиот регион температурата ќе се искачи до околу 32/33 степени.

Поголема дестабилизација на атмосферата  и на повеќе места во нашата Македонија, и тоа поради распространување на висински циклон над нашиот дел од Европа, очекувам од вторник (17 јуни). Од тогаш на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локални временски непогоди.

Можете да прочитате

Венко Крстевски најави кандидатура за градоначалник на Кочани

ВРЕДИ: Дали Арсовска даде заклетва пред граѓаните или пред Беџети?

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија