Утрински Весник
Македонија

Осомничениот возач претходно бил во притвор за дрога, но судот му одредил воспитна мерка

Krivcen Sud.jpg

Јавното обвинителство се огласи по објавите во некои медиуми за претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека против осомничениот претходно било поднесено обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која од самиот почеток на постапката била одредена по нивен предлог. Станува збор за две кривични дела поврзани со недозволено производство и трговија со наркотични дроги, согласно член 215 од Кривичниот законик.


„Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му беше изречена заводска мерка – упатување во воспитно-поправен дом во Тетово, бидејќи беше третиран како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, лицето беше во притвор по предлог на јавниот обвинител, но Судот ја укина притворската мерка при изрекување на пресудата. Незадоволен од одлуката, јавниот обвинител поднесе жалба, земајќи го предвид и претходното однесување на сторителот, и предметот е во жалбена постапка“, се наведува во соопштението.

Обвинителството претходно објави дека осомничениот во моментот на несреќата управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.

Можете да прочитате

Кривична пријава за гостиварец – на туѓа парцела си изградил објект

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

На „Вардариште“ живеат над 200 лица, Тошковски вели потребен е системски пристап