Утрински Весник
Македонија

Осомничен за разбојништво во Куманово не почитувал мерки на претпазливост, побаран притвор

1708765128 ojo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Куманово води постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово со решение од 30 јули определи мерки на претпазливост против осомничениот 31-годишник.

Мерките вклучуваат привремено одземање на патна и на друга исправа за преминување на државната граница и забрана за употреба на личната карта за преминување на границата, како и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган.

Меѓутоа, СВР Куманово достави известување до обвинителството дека осомничениот на 08.08.2024 година во вечерните часови сакал да оствари излез од државата со лична карта, односно се обидел да ја премине државната граница на граничниот премин Долно Блаце и покрај изречената мерка на претпазливост.

Бидејќи осомничениот очигледно не се придржувал кон определната мерка за обезбедување присуство, што укажува на реална опасност тој да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да се укинат дадените мерки на претпазливост за осомничениот и да се заменат со мерка притвор.

Можете да прочитате

Мицкоски: За успешна имплементација на реформската агенда, мораме да ја завршиме домашната задача

Повреден возач во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово 

МВР апелира на внимателно возење и почитување на правилата во пресрет на празниците