Утрински Весник
Македонија

Основци и деца од претшколска возраст присуствуваа на Церемонија на свечено менување на знамето во Кабинетот на Сиљановска

Uploads thumbs resize 800x420 694027.jpg

Денешни гости во претседателскиот Кабинет беа учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром и децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода.

Заедно со своите наставници, тие ја проследија Церемонијата на свеченото менување на државното знаме којашто се случува секој втор петок во месецот, во реализација на Баталјонот за почести при македонската армија и претставува чин со којшто се оддава почит кон македонското знаме како симбол на државата.


Дечињата имаа можност да ги разгледаат работните простории каде што се реализираат средбите и настаните. Во разговор со нив, инспирирана од песните коишто ги испеаја, посветени на татковината, на градот Скопје и на сонцето, претседателката рече дека токму децата се нашите сонца, нашите месечини и нашите ѕвезди.
„Вие сте нашиот живот и нашата иднина. Кога ве гледам денеска распеани и среќни и јас сум многу среќна“, истакна Гордана Сиљановска-Давкова.

Говорејќи за македонското знаме, таа посочи дека црвената боја ја претставува борбата, а жолтото сонце е нашето, македонското сонце, коешто ја грее државата. „Каде што е знамето, таму е државата, таму е татковината. Понекогаш знамето како симбол, многу повеќе кажува одошто зборот. Треба да си ги почитуваме симболите, оти тие се единствени, наши, македонски“, додаде таа.

Во искрен и отворен разговор, дечињата ѝ поставија многу прашања поврзани не само со нејзиниот професионален ангажман, туку и со приватниот живот. Тие беа љубопитни за нејзиното хоби, за омилената боја, храна и цвеќе, како и за одговорностите коишто ги носи функцијата Претседател.

Можете да прочитате

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Распишан е оглас за избор на судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Костова од СДСМ за ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски