Извршниот директор на апликацијата за размена на пораки Телеграм, Павел Дуров синоќа е уапсен на аеродромот „Бурже“ во близина на Париз, пренесуваат локалните медиуми.
Дуров патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека Дуров е уапсен во Франција како дел од прелиминарната полициска истрага.
TФ1 и БФМ соопштија дека истрагата била фокусирана на недостиг на модератори на Tелеграм и дека полицијата верува дека таквата ситуација дозволува криминалните активности да се одвиваат непречено преку апликацијата за пораки.
Француското МВР и полицијата не го коментираа апсењето на Дуров.
TФ1 јави дека Дуров патувал од Азербејџан и бил уапсен околу 20 часот.
Телеграм, чие седиште е во Дубаи, е основана од Павел Дуров, роден во Русија. Тој ја напушти во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата за затворање на опозициските заедници на неговата социјална платформа, која ја продаде.
Дуров, чие богатство Форбс го проценува на 15,5 милијарди долари, рече дека некои влади се обиделе да му вршат притисок, но апликацијата, која сега има 900 милиони активни корисници, треба да остане „неутрална платформа“, а не „играч во геополитиката