Утрински Весник
Македонија

Османи во Будимпешта: Обединување на Блаканот со ЕУ во 2030 година е реална цел

Османи во Будимпешта: Обединување на Блаканот со ЕУ во 2030 година е реална цел

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денес учествуваше на Балканскиот Форум во Будимпешта.

dobivaj vesti na viber

Османи имаше обраќање на панел дискусијата заедно со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија Олта Џачка и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

„2030-та е реална цел за обединување на Европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ. Kрајно време за ЕУ да го реализира и потврди отворениот пат за Западен Балкан кон членство во ЕУ, даден уште во 2003 година на кој регионот напорно работи изминатите декади. Ова ќе претставува охрабрување и за Украина, која соочена со директна воена агресија, исто така го брани нивниот избор за почитување и припаѓање кон европските вредности”, истакна Османи.

На маргини на Балканскиот Форум во Будимпешта, Османи реализираше бројни средби со хомолози од регионов.

Можете да прочитате

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта

Црна точка: Нова сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ