Утрински Весник
Македонија

Османи: Уште еднаш ја потврдивме нашата позиција на меѓународната сцена

Press1.jpg

Итнтегрален текст од соопштение за јавност на МНР:

Денеска во Скопје, го заокруживме нашето едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во рамките на кое се постигнаа два значителни успеси за регионалната иницијатива:  номинирање на Амер Капетановиќ за нов Генерален Секретар на Советот за регионална соработка, како и со консензусот за Декларацијата од Скопскиот Самит, со што Република Северна Македонија стави потпис на уште еден успех на меѓународен план.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на завршната прес конференција истакна дека со овој чин е зачувана стабилноста, континуитет и функционалноста на Советот за регионална соработка, со тоа и на целиот Процес. „Уште еден успех за Република Северна Македонија после претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата земја, уште еднаш, ја потврди својата позиција на меѓународната сцена”, рече Османи, при што додаде дека идејата беше амбициозна, но целта првенствено беше наменета да се обезбеди платформа за плодна интелектуална и политичка дебата и дијалог, како и да произведе идеи и да поттикне нови перспективи за регионот на Југоисточна Европа.

Османи заклучи дека како претседавачи со Процесот особено е горд на ова постигнување. “Покажавме дека сме способни да го сочуваме кредибилитетот на регионалната сопственост и лидерството кои ги градевме и надградувавме низ годините наназад преку оваа значајна регионална иницијатива”.

Можете да прочитате

Муслиу- Председателката попушти пред политичките притисоци. Заборави на Законот за кој постојано зборува

Тошковски и Јанев: Борбата со криминалот и корупцијата ќе биде бескомпромисна

Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето