Утрински Весник
Македонија

Османи со честитка до Финска: значаен чекор за зајакнување на трансатлантската стабилност

Османи со честитка до Финска: значаен чекор за зајакнување на трансатлантската стабилност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествува на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, каде во фокусот е проширувањето на Алијансата со Финска како најнова земја членка.

dobivaj vesti na viber

Османи пред почетокот на состанокот упати честитки за членството на Финска во НАТО, оценувајќи го како историски момент и значаен чекор за зајакнување на трансатлантската стабилност и безбедноста на сите сојузници.

“Северна Македонија која денес титулата ‘најмлада земја членка на НАТО’ја предава на нашиот најнов сојузник – Финска, останува силен поддржувач на политиката на Отворени врати на НАТО како една од најуспешните политики на Алијансата. Во денешната сложена безбедносна архитектура ваквиот чекор претставува силна потврда за единството на сите сојузници и значаен влог во целокупната трансатлантската сигурност. Очекуваме што поскоро да има напредок и во апликацијата на Шведска и земјата да стане дел од трансатлантското семејство пред НАТО Самитот во Вилнус” – нагласи Османи.

Воедно, Османи ја истакна и силната политичка и практична поддршка за Украина, што е во фокусот на разговорите на НАТО – Украина Комисијата, на која учествува и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје