Утрински Весник
Македонија

Османи се сретна со претседателката и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Османи се сретна со претседателката и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја прими делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, предводена од претседателката Маргарет Цедерфелт и генералниот секретар Роберто Монтела.

dobivaj vesti na viber

Состанокот се одржа со цел да се воспостави личен контакт на највисоко ниво, да се пренесе поддршка за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и да се разговара за актуелната ситуација на ОБСЕ и можностите за соработка меѓу Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседавачот, како и нашите приоритетите како идни претседавачи со ОБСЕ.

Министерот Османи истакна дека парламентарната дипломатија е од големо значење, особено во време на отворена агресија против земја учесничка, геополитички тензии и неизвесност.

„Северна Македонија придава големо значење на парламентарната димензија на ОБСЕ. Инволвирањето на парламентарците во справувањето со денешните безбедносни ризици и предизвици, како и во промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ додава важна вредност на редовната дипломатска комуникација, во потрага по трајни решенија“, рече Османи.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце