Утрински Весник
Македонија

Османи од Австрија во Хрватска, за учество на Дубровник форум

Османи од Австрија во Хрватска, за учество на Дубровник форум

По интензивната агенда во Виена во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува со работна посета на Република Хрватска, каде што ќе учествува на Дубровник форум 2023.

dobivaj vesti na viber

Агендата на форумот почна вечерва со настан организиран од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ додека во текот на утрешниот ден Османи ќе има обраќање на панелот „Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”.

На маргини на учеството на форумот, Министерот ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел, со Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мизорјан.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати