Утрински Весник
Македонија

Османи: ОБСЕ и Совет на Европа ќе ги зачуваат заедничките вредности и демократски принципи

Османи: ОБСЕ и Совет на Европа ќе ги зачуваат заедничките вредности и демократски принципи

Зборувајќи на завршната сесија на четвртиот самит на Советот на Европа (СЕ) што се одржува во Рејкјавик, Исланд, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека ОБСЕ и СЕ споделуваат заеднички вредности и принципи градени со децении – одбрана на демократијата и достигнувањата на мултилатерализмот што се нарушени со воената агресија на Русија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

„Обединети за Европа“, како и насловот на сесијата, треба да биде целта и на понатамошното дејствување на овие две значајни организации кои ја гарантираат европската безбедносна архитектура која е загрозена со војната во Украина, истакна Османи.

„Последиците и трошоците од оваа војна се чувствуваат во цела Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ. Но нашиот избор е да ги заштитиме нашите заеднички демократски вредности и заложби преку нашата мрежа на принципи и достигнувања, прецизно создадена да ја одбраниме нашата иднина“, рече Османи.

Врвен приоритет во нашата работа, додаде Османи, ќе биде ублажувањето на страдањето на луѓето погодени од војната и од други конфликти кои стравуваат за своите животи и егзистенција.

„Убеден сум дека ОБСЕ има многу механизми кои може да ги понуди за надминување на состојбите во сите региони и во тоа нема да штедиме напори. Ќе продолжиме да даваме поддршка за функционалност на организацијата, за промоција на човековите права и недискриминацијата, безбедноста и одржливиот развој и сето тоа во координација со партнерите од Советот на Европа“, рече Османи.

Во своето обраќање Османи се осврна и на придобивките за Северна Македонија од членството во ОБСЕ и во Советот на Европа. =

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ