Утрински Весник
Македонија

Османи на Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседавачот со ОБСЕ, Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе учествува и ќе се обрати на 11-тата Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

За време на престојот во Њујорк воедно ќе реализира и низа билатерални средби со министрите за надворешни работи на: Естонија, Унгарија, Холандија, како и со Розмари Ди Карло – потсекретар на Обединети нации за политичко-безбедносни работи.

Министерот Османи во своето обраќање пред ГС на ОН ќе стави акцент на воената агресија на Русија врз Украина, со барање да запре војната и страдањата на луѓето, а ќе се осврне и на главните приоритети и досегашните активности во реализирањето на Програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, особено на зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните, во контекст на нашето мото „за луѓето се работи“, имајќи ги предвид состојбите и во други земји на ОБСЕ регионот.

Исто така, планирани се и средби со претставници на дијаспората на Северна Македонија во САД.

Можете да прочитате

Внук крвнички ја претепал баба си во Битола

Марихуана пронајдена во облека на осуденик во „Идризово“

Охриѓанец пијан и со одземена возачка предизвикал сообраќајка