Утрински Весник
Македонија

Османи на НАТО-министерски состанок во Букурешт

Османи на НАТО-министерски состанок во Букурешт
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествува на НАТО-состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи, што се одржува во Букурешт, Романија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија, меѓу кои енергетската криза и недостигот на храна, кои предизвикуваат нестабилност во осетливите региони, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан.

Министерот Османи во своето обраќање го истакна стратешкото значење на регионите на Западен Балкан и Црното Море за НАТО нагласувајќи ја потребата од зголемување на поврзаноста и зајакнување на партнерството во справувањето со заедничките закани.

„Безбедноста во Европа е нарушена, руската агресија врз Украина ги урна принципите што одржуваа мир и стабилност; но НАТО навремено, цврсто и одлучно се адаптира на новите безбедносни и политички предизвици. Немам дилема дека денес го реафирмираме ова единство, зајакнато трансатлантско сојузништво, но и одлучноста, подготвеноста и засиленото присуство овде, во регионот на Црното Море, и во целото источно крило на алијансата“, рече Османи.

Во рамките на состанокот, на кој учествуваа и министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска, сојузниците ја реафирмираа поддршката за Украина и украинскиот народ, а воедно ги дефинираа и следните чекори за зајакната практична поддршка. Воедно, стана збор и за политиката на отворени врати на НАТО, при што Османи даде надеж за што побрзо членство на Шведска и Финска во алијансата, со што двете држави ќе ја зајакнат сопствената стабилност, но и значително ќе ја зацврстат улогата на одвраќање на алијансата.

Можете да прочитате

Ги излажал дека ќе ги носи на одмор – кумановец измамил две семејства за 6.000 евра

МетеоАларм најава: Доаѓање на вистински зимски услови, типични за декември

Донесни се измените: Кој ќе вози пијан, дрогиран и пребрзо ќе оди во затвор и ќе остане без автомобил