Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Османи: На 19 октомври не се менува само власта во Чаир, туку и културата на владеење

546454315 1367066968107954 7255708191437752157 n.jpg
300x250 opst2
Бујар Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, истакна дека вчерашниот ден и објавените анкети, говорат само едно – народот испраќа јасна порака, а тоа е дека достоинството на Албанците и еднаквоста во државата се неприкосновени.

„Ќе беше добро вчера да дојде некој од ВМРО-ДПМНЕ и сами да видат дека немаше митинг, туку народ. И тоа е само почетокот. Луѓето можат да простат многу работи, но газењето по достоинството нема никогаш да го простат. Ниту влечењето за уши, ниту обидот да се укине јазикот, ниту исфрлањето од институциите“, изјави Османи.


Тој истакна дека во изминатите 15 месеци власта не само што не покажа никаков напредок, туку и газела по најсветите вредности за кои Албанците повеќе од 20 години се бореле да ги изградат и да ги заштитат.

„Не само што нема никаков напредок во овие 15 месеци. Има уназадување. Во новиот извештај на Европската Унија, кој треба да излезе за скоро, од 11 поглавја, 10 се со црвена боја. Е тоа тие сакаат да го покријат со напад над Албанците, напад на ДУИ како парадигма на обидот на Албанците за еднаквост во оваа држава“, рече Османи.

Османи предупреди дека националистичката реторика на власта не може да ги прикрие реалните проблеми на државата.

„Македонија е на сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и сите други. Наместо поделби, треба да се вратиме на нормален дискурс, на европската агенда, на животот и економскиот просперитет“, порача Османи.

Во однос на најновата анкета на „Маркет Вижн“, објавена вчера, Османи потсети дека дури и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ признал дека Националната алијанса за интеграција има предност повеќе од два спрема еден во однос на ВЛЕН.

„Тоа е вистината која се обидуваат да ја сокријат, но не можат. Албанскиот народ јасно порача дека не ги сака и дека ова ќе бидат избори со плебисцитарно одлучување“, нагласи Османи.

Можете да прочитате

Филипче: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го дават Скопје во смет

Шукова: Ќе формираме нова служба во Градот само за собирање кабаст отпад

Шукова најави нов систем за собирање отпад и двојно повеќе контејнери во Скопје