Утрински Весник
Македонија

Османи – Милков: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи

Османи – Милков: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со својот хомолог од Република Бугарија, Николај Милков. Ова е нивна прва средба, по назначувањето на министерот Милков на функцијата, во август оваа година.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорот беше исполнувањето на заедничките обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и остварената соработка во рамките на процесот на унапредување на односите меѓу двете држави.

Притоа, министерот Османи го информира министерот Милков за досега реализираните обврски од наша страна со цел имплементација на одредбите од Договорот. Меѓу другото, го издвои ангажманот на Меѓуресорска работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од Протоколот од Вториот состанок, со која координира Министерот за надворешни работи, како и првите состаноци на тематските подгрупи.

На средбата беа разгледани и бројните провокации од групи и поединци во двете земји, кои изминатиов период засилено доминираа во јавниот дискурс. Министрите посочија дека двете министерства ќе работат активно на зајакнување на добрососедските односи, како взаемен интерес на двете земји, и нема да дозволат провокациите да го нарушат овој процес.

Взаемно беше нагласено дека продолжувањето на дијалогот преку средби, како и преку реализирање на конкретните проекти се единствениот пат кој ќе доведе до промена на контекстот во кој дејствуваме и се влог во создавањето блиски и пријателски односи меѓу двете држави и граѓани.

Се разговараше и за регионалната соработка во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како најдобра гаранција во соочувањето со политичките, безбедносни и економски предизвици врз својот развој.

Можете да прочитате

Утрово пожар во Чаир – има повредени

До 15 октомври продолжување на правото за студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија

Граѓаните на Струмица ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки и на други локации