Утрински Весник
Македонија

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Македонија нема да ги признае референдумите за отцепување на украинските териториии и нивно присоединување кон Русија.

dobivaj vesti na viber

„Генерално светската безбедносна архитектура која е изградена со ООН и ОБСЕ гарантираше мир во малите земји. Тоа што го направи Русија е директно кршење на меѓународните принципи кои гарантираат суверенетите, интегритет и признавање на границите.
Ова го стави светот под ризик на нови војни, конфликти, нови пристапи од типот поголеми држави да напаѓаат помали земји. Мора да разговараме за последиците од рушењето на меѓународнтоо право, од лажирање и создавање манипулативни референдуми за лажно алиби за анектирањето на територии. Ние нема да признаеме такви референдуми“, рече Османи на брифингот во МНР.

Орце Костов

Можете да прочитате

„Екоцид, корупција и криминал“ – жесток статус на Миноски за состојбата во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија кај СДСМ, наутро сеат страв, навечер се журкаат во парк

Изет Меџити не знае за одговорност, знае само за личен интерес, велат од ДУИ