Утрински Весник
Македонија

Oсмани – Лудва: Чешка е наш сојузник во намерите како ОБСЕ-претседавач за зачувување на мирот и стабилноста

Oсмани – Лудва: Чешка е наш сојузник во намерите како ОБСЕ-претседавач за зачувување на мирот и стабилноста
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва.

dobivaj vesti na viber

Потенцирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Чешка, Османи нагласи дека претстојната посета на неговиот чешки колега Јан Липавски на нашата земја е потврда за традиционалното пријателство и широка секторска соработка.

Соговорниците се согласија дека двете држави остваруваат значајно партнерство во рамки на ООН, НАТО и ОБСЕ, а Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на нашата земја во однос на политиката на проширувањето на ЕУ.

На средбата се разговараше и за актуелното претседателство на нашата земја со ОБСЕ и безбедносните и економските предизвици со кои земјите се соочуваат по руската воена агресија на Украина.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари