Утрински Весник
Македонија

Османи: Левица е партија во функција на руската пропаганда

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најавата за нова иницијатива за референдум за раскинување на Договорот со Бугарија од Левица за министерот за надворешни работи Бујар Османи е уште еден обид да се сврти македонскиот народ против Европската Унија и САД кој нема да направи штета на државата, но ќе направи штета на народот.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на Договорот со Бугарија ниту може ниту смее да има референдум. Договорот со Република Бугарија е еден од столбовите на евро-атланска Република Северна Македонија заедно со преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор. Второ, имаше вчера јасно објаснување дека меѓународните договори не можат со еднострана одлука да се поништат, трето – еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан за Република Северна Македонија и тие не смеат да се случат“, вели министерот Османи.

Тој смета дека Левица не е македонска партија.

„Јас сум ограничен  да коментирам од МНР, но за Левица имам свој став дека тие не се македонска партија туку дека се партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против Европската Унија и САД. Мислам дека на државата нема да можат да ѝнаправат многу штета заради тоа што во државата има поширок консензус за тоа, но за народот што го претставуваат може да направат многу штета обидувајќи се да ги свртат пред вредностите што ние ги споделуваме. Мислам дека не треба да паднеме на таа пропаганда којашто делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери прво кон сопствениот народ и кон државата“, рече министерот Османи.

Според него, легитимно е партиите да го користат незадоволството и фрустрациите на граѓаните за политички цели, но смета дека тоа мора да има граници, да не се прави на сметка на иднината на државата и на иднината на граѓаните.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен