Утрински Весник
Македонија

Османи: Кризата со зголемените барања за нови патни исправи, ќе ја надминеме со најдобра можна реорганизација

It3.jpeg

Вчерашната агенда на министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжи и со посета на Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, каде што од сега има дополнителна реорганизација на работата со цел излегување во пресрет на што е можно поголем број наши државјани и скратување на нивното време на чекање.

Од сега, Генералниот конзулат во Венеција, ќе работи во две смени, како и во сабота и недела.  Овој распоред на работно време во Конзулатот ќе трае се до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани за конзуларни услуги.

Имено, мобилната станица, која се користи во Генералниот конзулат во Венеција, согласно однапред утврден распоред се користи и во Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим и во Малта.

Османи побара од дипломатите во претставништво да вложат повеќе напори, со цел да се скрати времето на чекање при поднесување на барање и подигнување на патните исправи.

“Комодитетот на нашите државјани кога доаѓаат во Конзулатот како и брзите и ефикасни услуги, претставуваат приоритетна задача за сите нас. Има бројни предизвици, но мора да се организираме на најдобар можен начин. Ова е вонредна состојба, меѓутоа причината за што постојат претставништвата е токму олеснување и надминување на постапките преку дополнителен ангажман”, истакна Османи.

Воедно, Османи имаше директен контакт со нашите државјани, кои чекаа пред конзулатот за нивните потреби, со цел лично од нив да слушне кои се проблемите со кои се соочуваат и како сметаат дека би било подобро за на сите да им се олесни работата.

На прашањето на наш државјанин “Дали со стари пасоши може од овде да се вратиме назад?”, Османи со одговор: “Може, само ризично е на пример ако имаш само седум дена одмор од работа, да не го добиеш таму во Скопје, а не можеш да се вратиш. Значи можеш да одиш, најбезбедно е да земаш патен лист кој сега го може да го добиете бесплатно.” 

Со зголемување на бројот на барањата за конзуларни услуги од страна на нашите државјани кои живеат во странство, Министерството за надворешни работи целосно ја реорганизираше работата на дипломатко-конзуларните претставништва, преку зајакнување на капацитетите со дополнителни дипломати, со воспоставување во функција на дополнителни мобилни станици за сликање за нови патни исправи и преку работа во две смени и работење во сабота и недела.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер