Утрински Весник
Македонија

Oсмани: Има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои се за уставни измени, ќе разговараме со нив

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека има луѓе во опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржуваат уставните измени и најави дека ќе разговараат со нив.

dobivaj vesti na viber

Османи е оптимист дека можностите со ВМРО-ДПМНЕ не се целосно исцрпени и се’ уште има надеж. Рече дека таму има доволно разум од луѓе кои го сфаќаат моментот и дека нема да играат на картатата на бугарските радикали.

„Гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба. Има луѓе во таа партија, според моите информации кои сметаат дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство. Се отвораат две патеки. Едната е брза, а другата се земји со отворени прашања. Од нас зависи во која патека ќе влеземе ние“, рече Османи одговарајќи на новинарски прашања.

Истакна дека предложените уставни измени ќе бидат доставени до Собранието откако ќе се исцрпат сите можности овој процес да биде консензуален. Затоа, смета Османи, не треба да се брза и неопходно е да се даде шанса за една поинаква дебата.

Министерот Османи денес одржа прес-конференцијата по повод преземањето на претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) од Македонија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го партизираше правосудниот систем во Македонија

В сабота протест во Неготино за правда за Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

СДСМ: Мицкоски со саати од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална кошничка за достоинствен живот