Утрински Весник
Македонија

Oсмани и новата амбасадорка на САД: Нашите односи се засновани на традиционално пријателство

Oсмани и новата амбасадорка на САД:  Нашите односи се засновани на традиционално пријателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министерот Османи изрази уверување дека со нејзиното искуство амбасадорката Агелер ќе придонесе кон понатамшно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.

Во билатерален контекст, соговорниците го поздравија развојот на севкупните односи, засновани на традиционално пријателство и споделени демократски вредности.

Османи ги нагласи првичните резултати кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во односите и надградба на стратешкото партнерство, како и посветеноста за дефинирање на идните активности кои имаат за цел понаташно поттикнување на рефомските процеси и демократски развој на државата.

Дополнително, Османи се заблагодари за континуираната американска помош за нашиот евроинтегративен процес, како значаен влог во зачувување на стабилноста и целокупниот регионален напредок.

Воедно, стана збор за силното сојузништво меѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, со посебен акцент на руската воена агресија во Украина, како и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа