Утрински Весник
Македонија

Oсмани и Блинкен разговарале за настаните во С. Македонија и трите договори

Osmani Blinken.jpg

Министерот за надворешни работи во заминување на маргините на неформалниот состанок на НАТО во Прага се сретнал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, пришто станало збор за актуелните настани во Македонија, пришто Османи укажал на потребата од почитувањето на охридскиот, преспанскиот и договорот за добрососедство со Бугарија. „Со секретарот Блинкен разговарав за актуелните настани во нашата земја и за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори. Му се заблагодарив за континуираната поддршка од САД“, напиша Османи на социјалните мрежи. Претходно деновиве, ДУИ излезе со тврдење дека со тоа што не се дел од власта е прекршен Охридскиот договор. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на договорот, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите во 2016 година кога победи ВМРО-ДПМНЕ, што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!