Утрински Весник
Македонија

Османи: Добив можност да бидам носител на една од мисиите на Ахмети

Osmani 1.jpg

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се обрати од САД, со цел да се заблагодари на ДУИ за поддршката да биде кандидиран за претседател на Македонија. Османи вели дека веста за неговата номинација за претседател му донела пријатели во Америка. -Ви благодарам за големата поддршка што ја добив од вас за номинацијата да бидам кандидат за прв претседател Албанец на Северна Македонија. Ми претставува огромна чест и со најголема понизност сакам да му се заблагодарам на лидерот Ахмети што ми даде можност да бидам носител на една од неговите мисии, но и на сите партиски структури и на многу политички непознати граѓани, кои станаа дел од сеопфатна државна платформа која вели дека не само што треба да бидам кандидат со единствено локално и меѓународно искуство за шеф на државата, туку пред се треба да бидам носител на идејата дека, како што вели Али Ахмети, дојдено е времето, рече Османи. Според него, претседателските избори се референдум за заокружување на целосна рамноправност во државата. Османи во обраќањето рече и дека се наоѓа во САД, на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина, заедно со група министри за надворешни работи кои биле најгласни во обидот да ги запрат руските империјалистички амбиции да ги нападнат и окупираат нашите земји. Османи, ќе се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации како ретка можност да порача пред светот од најголемиот центар на глобалното одлучување дека е дојдено време да се каже “Не” на Русија и “Да” на Европа.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина