Утрински Весник
Македонија

Османи – Алијев: ОБСЕ ќе поддржи решенија кои ја подобруваат состојбата на населението погодено од конфликти

Османи – Алијев: ОБСЕ ќе поддржи решенија кои ја подобруваат состојбата на населението погодено од конфликти

Статусот на дијалогот помеѓу Азербејџан и Ерменија беше главна тема на денешната средба на Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.

dobivaj vesti na viber

„Сметам дека ситуацијата овозможува конструктивно ангажирање низ различните меѓународни и билатерални платформи за да се дојде до мирно решение и да се постигне мировен договор кој ќе биде прифатлив за сите, а со тоа да биде и одржлив“, истакна Османи на средбата со Алијев.

„Ќе продолжам со ваков избалансиран пристап. ОБСЕ, со сите свои предизвици со кои се соочува, сè уште претставува форум кој е вистински заинтересиран да види мир во овој клучен регион“, додаде Османи.

Претседавачот Османи истана дека преку постоечки и идни активности, ОБСЕ ќе поддржи решенија кои придонесуваат за стабилноста и безбедноста и кои ја подобруваат состојбата на населението погодено од конфликти.

„Посебно бев заинтересиран да слушнам за прашањето на интеграцијата на Ерменците во Азербејџан и како по долги години конфликти и тензии може повторно да се воспостави стабилност и доверба“, рече Османи.

Тој побара поддршка од Азербејџан, како долгогодишен партнер на ОБСЕ, за решавањето на најитните прашања на Организацијата и на тој начин подобро справување со безбедносните предизвици што го засегаат Јужен Кавказ, но и поширокиот ОБСЕ регион.

Денеска Османи ќе има и средби со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов и со претседателката на Националното Собрание на Азербејџан, Сахиба Гафарова.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег