Утрински Весник
Македонија

Османи – Агелер: Над четири милиони долари поддршка од САД за борба против корупцијата

Османи – Агелер: Над четири милиони долари поддршка од САД за борба против корупцијата

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МНР, на средбата стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

„Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата“, рече Османи.

За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, се додава во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 година

Пронајден исчезнатиот струмичанец – 24info.mk

Нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа