Утрински Весник
Македонија

Ослободен приведениот за бомбите во училиштата

Евакуирани шест училишта, повторно дојави за бомби во Скопје

По десет часа распит полицијата утрово го ослободи 23-годишниот Никола Наумовски приведен вчера поради поврзаност со дојавите за бомбите во училиштата во Скопје. Од МВР велат дека напаравиле и претрес во неговиот дом.

dobivaj vesti na viber

„Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Приведениот Никола Наумовски е член и активист на платформата „Конзерватива.мк“ кои синоќа на Фејсбук објавија дека тој не е поврзан со дојавите за бомби во училиштата.

„Неспостобноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица! Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани“, објави „Конзерватива.мк“.

Вчера лажни дојави за бомби имаше во девет скопски училишта, а минатата недела три последователни дена исто така девет училишта добиваа имејлови на електронските адреси со дојави за бомби.

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката