Утрински Весник
Свет

Ослободен е директорот на нуклеарната централа Запорожје

Ослободен е директорот на нуклеарната централа Запорожје

Шефот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој во петокот беше приведен и уапсен од руски патроли е ослободен, објави денеска шефот на нуклеарната агенција на ОН, МААЕ – Рафаел Гроси. Украина ја обвини Русија за неговото апсење и истото го нарече терористички чин.

dobivaj vesti na viber

Украина извести дека руска патрола го уапсила Ихор Мурашов во петокот додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар, дом на многу вработени во централата.

Објектот сè уште е управуван од украински персонал под услови за кои Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вели дека ја загрозуваат неговата безбедност.

Агенцијата во саботата објави дека контактирала со „релевантни лица од властите“, без конкретно да ја спомене Русија и дека била информирана дека Мурашов е „привремено приведен“.

„Ја поздравувам веста за ослободувањето на Ихор Мурашов, директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Добив потврда дека господинот Мурашов се вратил кај своето семејство и е безбеден“, напиша денеска Гроси.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето кое ги оштети зградите околу централата, а МААЕ повика на тампон зона околу локацијата за да се намали ризикот од потенцијална катастрофална несреќа. Гроси оваа недела треба да отпатува за Москва и Киев каде ќе учествува во преговорите, пренесува Индекс.хр.

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ