Утрински Весник
Магазин

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Oskari 3 960x640 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американската академија за филмски уметности и науки соопшти дека доделувањето на Оскарите, едeн од најпознатите светски телевизиски настани, од 2029 година ќе се пренесува ексклузивно на платформата Јутјуб. Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до јубилејното 100-то доделување во 2028 година. Од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги има правата за пренос во живо, вклучувајќи го и преносот од црвениот тепих, Гувернерските награди и објавувањето на номинациите. Настанот ќе биде достапен бесплатно за публика ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос и титлување.

– Со ова партнерство, Академијата ја приближува церемонијата до нова публика, изјавија извршниот директор Бил Крамер и претседателката Линет Хауел Тејлор. Јутјуб, со околу две милијарди корисници, така станува главна дигитална платформа за Оскарите, што го прави настанот прв меѓу „големата четворка“ што се откажува од класично телевизиско емитување.

– Целта е да се инспирира новата генерација филмски автори и публика, додаде извршниот директор на Јутјуб, Нил Мохан. Еј-Би-Си засега не коментираше за одлуката, а телевизијата го емитува доделувањето на Оскарите речиси секоја година од 1961, со кратки исклучоци во 1971–1975 година.

Можете да прочитате

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите