Утрински Весник
Спорт

Јосип Ѓерѓа: Во Хрватска не играме кошарка, играме кокошарка

Јосип Ѓерѓа: Во Хрватска не играме кошарка, играме кокошарка

Легендарниот југословенски играч и поранешен селектор на хрватската репрезентација, Јосип Пино Ѓерѓа, нема добро мислење за состојбите во хрватската кошарка.

dobivaj vesti na viber

Ѓерѓа освои сребрени медали со репрезентацијата на поранешна Југославија на Светските првенства во 1963 и 1967 година и на Евробаскетот во 1965 година, додека како селектор ја предводеше Хрватска до бронзата на Светското првенство во 1994 година.

„Не одам да гледам натпревари, бидејќи имам индиции дека никогаш не сум играл кошарка, и дека никогаш не сум играл ниту за КК Задар. Морам да истакнам дека кошарката порано беше најдобриот хрватски спорт, гордост на Хрватска, а денес, за жал, не сме на нивото на Косово и Албанија. Во Хрватска не играме кошарка, туку кокошарка“, рече Ѓерѓа, петкратнен шампион на Југославија и продолжи:

„Хрватската лига е смешна, нашата кошарка е смешна. Десет години не сме отишле на Светско првенство, не сме се пласирале на Олимписки игри, нема за што да зборуваме, и тоа е така триесет години. Јосип Шесар е нов селектор? Па, кажи кој не ја водел хрватската репрезентација сите овие години“.

Ѓерѓа се потсети на некои подобри времиња.

„Југославија секогаш беше прва, втора или трета во светот повеќе од дваесет години. Еве јас во 1994 година со Хрватска како селектор, освоив медал, бронза на СП, со само еден пораз. А што ми направија, ме плукаа и ме навредуваа“, вели Ѓерѓа во интервју за Антена Задар.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари