Утрински Весник
Македонија

Оштетен преминот на реката Блашница поради надојдена вода

Image 2026 02 06 111127527.png

Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, се работи за реката што се влева во Тиквешко Езеро, а немањето премин им отежнува на луѓето да стигнат до другата страна на реката. Оваа информација ја потврдија денеска за МИА, од месната заедница на село Клиново.

– Како последица од надојдената поголема количина на вода во реката, а поради врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот, пред вливот на реката во езерото, појаснија од месната заедница.

За новото оштетување на преминот го известиле градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Добивме ветување дека штом дозволат временските услови, за да може да работи механизација, ќе се санира оштетувањето на преминот, подвлекоа од месната заедница.

Притоа, потсетија дека станува збор за дел од Тиквешко, богат со природни убавини за различни видови на туризам и овде имаат изградено викендици голем број на луѓе кои потекнуваат одовде, но и вљубеници во природата од други краеви на државата.

Можете да прочитате

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“

Возило удрило во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника

Експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице