Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Орландо го шокираше Јокиќ и Денвер, Милвоки лесно се справија со Лејкерси

Орландо го шокираше Јокиќ и Денвер, Милвоки лесно се справија со Лејкерси
300x250 opst2

Во сенка на последниот ден од преодниот рок во НБА лигата се одиграа четири натпревари. Милвоки славеа во ЛА против Лејкерси, Денвер доживеаја непријатен пораз од Орландо, Феникс без Дурент се порезени во Атланта, а Бруклин славеа во дуелот со Чикаго.

dobivaj vesti na viber

Лидерот во Западната конференција, Денвер Нагетс загуби од Орландо Меџик 104:115. Никола Јокиќ со 29 поени, 12 скока и шест асистенции, односно Ерон Гордон со 37 поени не успеаја да му се спротивстават на мллдиот тим на Орландо, во чии редови седум играчи постигнаа двоцифрен број на поени.



Без Леброн Џејмс, но и играчите кои во Лос Анџелес пристигнаа во преодниот рок, Лејкерси немаа шанси против Милвоки Бакс (106:115). Јанис Адетокумбо со 38 поени, 10 скока и шест асистенции го предводеше Милвоки до победата. Кај Лејкерси се истакнаа Денис Шрудер со 25 поени, односно Ентони Дејвис со 23 поени и 16 скока.

Во слично сценарио, Феникс без новодојдениот Кевин Дурент, без играчите кои пристигнаа во клубот и без Девин Букер кој се опоравува од повредата загуби во Атланта со 116: 107. Џош Окоги постигна 25 поени за Санс, а Треј Јанг имаше 36 и 12 асистенции за Хокс.

Бруклин, исто така без играчи кои пристигнаа во замена за Дурент, го победи Чикаго со 116:105, а најдобар играч со 25 поени беше Спенсер Динвиди, кој пристигна во замена за Кајри Ирвинг од Далас. Младиот Кам Томас, кој постигна повеќе од 40 поени во три последователни натпревари, овојпат остана на 20 поени.

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!