Утрински Весник
Свет

Јорданските власти со авион директно фрлија хуманитарна помош за населението во Газа

551663 0.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јорданската војска денеска објави дека извршила серија воздушни фрлања на хуманитарна помош, храна и други залихи „директно за палестинското население“ од опколениот Појас Газа.

Се додава дека едниот авион бил француски воен авион.

Јорданските сили извршија „четири воздушни фрлања помош за населението во Газа“, по наредба на јорданскиот крал Абдула Втори, се наведува во соопштението.

Операцијата имаше за цел „директно да достави помош до населението и да ја фрли по брегот на Појасот Газа, од север кон југ“, се вели во соопштението на армијата.

Станува збор за храна, како што се готови оброци со висока хранлива вредност, за да се олеснат маките на населението во Појасот Газа.

„Четири авиони Ц-130, вклучително и еден на француските вооружени сили, ги извршија испораките“, додадоа јорданските власти.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври во Газа, Јордан спроведе 16 операции за хуманитарна и медицинска помош.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична