Утрински Весник
Македонија

Ордановски: Мицкоски брка луѓе на Трамп по ходници за да се слика со нив, а со претседателот на САД нема никакви релации

Ordanovski.png

Христијан Мицкоски нема никакви релации со Трамп, а неговите луѓе ги брка по ходници да се слика со нив, кажа аналитичарот Сашо Ордановски во Само вистина.

„Мицкоски до сега нема никакви битни релации, го има Гренел, тоа му е највисокот ниво и овој со кој видовме фотографии од ходник, односно заменик помошник државен секретар за Балкан, Касанов со кого шетаа по ходник. Добро, Мицкоски ќе се врати ќе објасни што направил таму и јас се надевам дај боже тој да имал и некакви сериозни разговори“ рече тој.


Ордановски смета дека наместо на САД премиерот и неговиот тим треба да се фокусираат на посети на европски престолнини и средби со европски државници.

„Мицкоски треба да е растрчан низ Европа во овој критичен момент. Убаво е што отишол во САД, но нашата перспектива е во ЕУ. Тој треба да оди таму каде што ќе го примат, него и неговите министри. И Мицкоски треба да бара не средба со Касанов, туку со негови еквиваленти во западните европски држави. Сега тој и неговите министри треба да се растрчани низ Европа и да видиме што е планот и каде сме ние во приказната“ рече Ордановски

Можете да прочитате

Да помогнеме: Итно потребна е крвна група 0 негатив

Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на МАНУ

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун