Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Орданоски: Изборот на Мицкоски е тој, таму главно се кадрите од времето на Груевски

Sasho ordanovski.jpg
Img 7972

„Изборот на Мицкоски е тој, она што го говориме со денови и месеци. Таму нема никакво изненадување, таму воглавно се кадрите коишто беа кадри и за време на власта на Груевски. Не очекувам дека ќе слушнеме ништо ново. ВМРО-ДПМНЕ генерираат црни вести и тоа продира во јавноста, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти.

Тој додаде дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ сnега го прави години наназад претерано заплашување на народот со идентитетски проблеми, се се распаѓа, ништо не чини, доаѓа крај на светот за да речат подоцна темите кои се поврзани со идентитетот со нивно доаѓање дека ќе ги штитат.

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи