Утрински Весник
Спорт

Џордан преговара за продажба на Хорнетс

Џордан преговара за продажба на Хорнетс
Dik 300x250 mk

Шарлот Хорнетс ги потврдиja шпекулациите дека шесткратниот шампион во НБА, Мајкл Џордан, планира да ги продаде сопственичките права за франшизата. Од 2010 година Џордан мнозински сопственик на Хорнетс.

dobivaj vesti na viber

„Пред четири години, Мајкл Џордан го продаде својот удел во Шарлот Хорнетс на група предводена од Гејб Плоткин. Како природен чекор во процесот, Мајкл и Гејб разговараат за потенцијалното купување на дополнителен удел од неговата група“, се вели во соопштението на делоцната канцеларија на Џордан.

Во соопштението се додава дека „не е сигурно дека продажбата ќе биде извршена“.

Во 2019 година, легендарниот кошаркар му продаде дел од кациите на Плоткин, основачот на „Мелвин Капитал“ и Даниел Сандхајм од „Д1 Капитал“, но сепак остана мнозински сопственик на франшизата.

„Форбс“, ја проценува вредноста на Шарлот Хорнетс на 1,7 милијарди долари.

Џордан е единствениот Афроамериканец кој се наоѓа на чело на НБА франшоза.

Во текот на својата кариера, Џордан освои шест титули со Булс и забележа 14 настапи на Ол Стар.

Сепак, 60. годишната кошаркарска легенда немаше голем успех како сопственик на НБА тим.

Од 2010 година Хорнетс имаат биланс од 419 победи и 595 порази, а оваа сезона седми пат по ред ќе го пропуштат плејофот.

Хорнетс само двапати се пласираа во плејофот во 13 сезони под водство на Џордан и никогаш не го поминаа првиот круг.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа