Утрински Весник
Спорт

Ѓорческа не го помина првото квалификациско коло на УС Опен

20240820080858 Big 730x400 88.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, не успеа да го мине првото квалификациско коло на Отвореното првенство на САД, иако даде силен отпор против Аргентинката Хулија Риера која е 71 места подобро рангирана од Лина на ВТА листата.

Риера победи со 7-6, 6-3 после 1 час и 36 минути игра.

Ѓорческа почна одлично, поведе со 4-1 во првиот сет, а имаше и предност од 5-3 и гејм на свој сервис. Но, деветтиот гејм го загуби без да освои поен, а на крај во овој сет одлучуваше тајбрејкот во кој Риера беше подобра со 7-4.

Во вториот сет немаше толку многу брејкови како во првиот, Лина загуби само еден гејм на свој сервис, но тоа беше доволно да го загуби сетот со 3-6, и тука да заврши нејзиниот пат во квалификациите на последниот гренслем турнир годинава.

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА