Унгарскиот премиер Виктор Орбан застана во одбрана на поранешниот американски претседател Доналд Трамп откако стана првиот претседател на САД осуден за кривично дело. Знам дека претседателот Доналд Трамп е чесен човек. Како претседател, тој секогаш ја ставаше Америка на прво место, имаше почит низ целиот свет и тој го користеше тој почит за да изгради мир“, напиша Орбан на X. „Народот нека ја донесе својата пресуда овој ноември!“, напиша Орбан. Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението за плаќање на порно ѕвезда да молчи. Тоа е прв пат во историјата на САД актуелен или поранешен претседател на САД да биде прогласен за кривично виновен. Орбан беше единствениот шеф на влада на земја од ЕУ што отворено го поддржа Трамп уште пред да биде избран за претседател во 2016 година. Во посетата што ги изненади и САД и ЕУ, Орбан отпатува во луксузно одморалиште во Флорида во март за да се сретне со Трамп. Доналд Трамп рече дека ќе поднесе жалба на пресудата. Говорејќи во фоајето на Трамп Тауер во Менхетен, каде што првпат ја објави својата претседателска кандидатура во 2015 година, Трамп ги повтори своите поплаки дека судењето е обид да се спречи неговото враќање во Белата куќа и предупреди дека тоа покажува дека ниту еден Американец не е безбеден од мотивиран прогон. Кремљ оцени дека пресудата против Трамп покажала дека во САД се користат сите легални и незаконски средства за справување со политичките ривали.